Свет

Трамп ќе добие аеродром со негово име

Демократите во Флорида се спротивставија на промената на името на аеродромот „Палм бич“, тврдејќи дека е несоодветно аеродромот да се именува по претседател кој сè уште е на функција

 

Федералната администрација за авијација на САД (FAA) објави дека Меѓународниот аеродром Палм Бич во Флорида официјално ќе биде именуван по американскиот претседател Доналд Трамп почнувајќи од 9 јули.

Ова е најновиот во низата објекти, институции или владини програми што ќе го носат неговото име, објавуваат медиумите.

Министерот за транспорт Шон Дафи претходно изјави дека ознаката на аеродромот ќе биде променета од PBI во DJT, по иницијалите на Трамп.

Трамп претходно навести дека аеродромот ќе претрпува големи подобрувања, но не прецизираше какви ќе бидат тие подобрувања.

„Имаме многу планови. Ќе бидат додадени многу одлични карактеристики што ќе го направат поголем и подобар. Не мислам дека ќе има аеродром никаде во земјата толку добар како вашиот“, рече Трамп.

Спогодбата ѝ забранува на Организацијата Трамп да профитира од преименување на самиот аеродром.

Демократите во Флорида се спротивставија на промената на името, тврдејќи дека е несоодветно аеродромот да се именува по претседател кој сè уште е на функција.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top