Свет

Трамп ќе ја посети Грција

Посетата ќе се реализира ова лето, најави американската амбасадорка во Атина, а со него ќе дојдат Хегсет и Рубио

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Грција ова лето, изјави денес американската амбасадорка во Атина, Кимберли Гилфојл.

„Сè уште не го знаеме точниот датум, многу работи се случуваат, но тој ќе дојде во Грција“, рече таа, како што објави бриселски „Политико“.

Таа додаде дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и американскиот државен секретар Марк Рубио, исто така, ќе ја посетат Атина. Таа изјави дека се очекува Трамп да ѝ се обрати на Грција.

„Секако дека сите би го сакале тоа, нели? Нека Трамп се обрати на Акропол. Се надевам дека ќе може, ќе го поканам да го стори тоа. Тој работи толку напорно, работи без престан“, рече Гилфојл.

Кимберли Гилфојл беше во брак со демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, по што се омажи за синот на Трамп, Доналд Трамп помладиот, според „Политико“.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top