Свет

Трамп ќе се ослободи од „Теслата“ купена од Илон Маск

Претседателот Доналд Трамп може да го продаде или подари црвениот Тесла што го купи од Илон Маск, дознава Дејли Меил. Трамп го купи Тесла – плаќајќи во готово – во март откако му дозволи на Маск да паркира неколку од неговите возила на Јужниот тревник во знак на поддршка. Но, сега размислува да се ослободи […]

Претседателот Доналд Трамп може да го продаде или подари црвениот Тесла што го купи од Илон Маск, дознава Дејли Меил.

Трамп го купи Тесла – плаќајќи во готово – во март откако му дозволи на Маск да паркира неколку од неговите возила на Јужниот тревник во знак на поддршка.

Но, сега размислува да се ослободи од електричното возило, изјави за Дејли Меил висок функционер на администрацијата.

Овој потег доаѓа откако братството меѓу него и Маск заврши, гласно и спектакуларно, на социјалните медиуми во четврток.

Американскиот претседател Доналд Трамп не е заинтересиран да разговара со Илон Маск, изјави денес функционер на Белата куќа, сигнализирајќи дека претседателот и неговиот поранешен сојузник можеби наскоро нема да го решат спорот што започна со коментарите на Маск за новиот закон за даноци.

Функционер на Белата куќа, зборувајќи под услов да остане анонимен, рече дека  не е планирана средба меѓу Трамп и извршниот директор на Тесла. Претходно, друг функционер на Белата куќа изјави дека двајцата мажи ќе разговараат по телефон.

Во интервјуа со неколку американски медиуми, Трамп рече дека е фокусиран на други работи.

„Јас дури и не размислувам за Илон. Тој има проблем, сиромавиот човек има проблем“, изјави Трамп за Си-Ен-Ен.

 

 

Најнови вести од: Свет

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

To top