Свет

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

 

 

„Приказната дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари е лажна вест“, тврди Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Иако ја спомена сумата од 300 милиони долари, остана нејасно дали ова е во спротивност со значително поголемата сума од 300 милијарди долари што ја споменаа други претставници на администрацијата и меѓународните медиуми.

Имено,  потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, појасни дека секој предложен фонд од 300 милијарди долари ќе биде финансиран од регионални сојузници, а не од американски даночни обврзници.

„Ниту еден цент од тие пари не доаѓа од Соединетите Американски Држави“, изјави Венс за NBC News.

Тој додаде дека арапските земји од Заливот би можеле да одлучат да инвестираат само ако Техеран ја направи својата економија „пријателска за инвестиции“ и почне да се однесува како „нормална земја“.

Висок американски функционер претходно потврди дека иако фондот од повеќе милијарди долари е дел од дипломатските разговори, секој финансиски напредок е строго „условен од достигнувањата“.

„Фајненшл тајмс“ исто така наведува дека воспоставувањето на фондот е условено од конечен договор, кој би вклучувал продолжување на прекинот на огнот за 60 дена и целосно повторно отворање на Ормутскиот теснец.

Еден од нашите главни принципи во овој процес е целосна транспарентност“, рече функционерот.

Иако администрацијата на Трамп досега откри одредени делови од планот, официјалниот текст на договорот сè уште не ја виде светлината на денот, и покрај тоа што двете страни дигитално го потпишаа во неделата.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

To top