Свет

Трамп му порача на Израел да „ја заврши работата“ против Хамас

„Мислам дека сакаат да умрат, а тоа е многу, многу лошо“, рече Трамп за Хамас

 

,Американскиот претседател Доналд Трамп направи драматичен пресврт само по неколку недели откако со сигурност објави непосреден договор за прекин на огнот во Газа.
Наместо да повикува на мир, тој сега му порача Израел дека е време да ја ескалира воената кампања и да „ја заврши работата“ со Хамас, објави Си-Ен-Ен

Трамп ги повлече своите преговарачи оваа недела, тврдејќи дека Хамас не дејствувал со добра намера. Додека сликите од гладните деца од Газа предизвикуваат глобален бес, Трамп сигнализира дека нема да врши притисок врз Израел да ја запре својата 21-месечна воена операција.

„Мислам дека сакаат да умрат, а тоа е многу, многу лошо“, рече Трамп за Хамас.
„Дојде до точка каде што ќе мора да ја завршите работата“порача тој на израелските власти.

Не е јасно дали оваа остра реторика е вистински одраз на неуспехот на преговорите или тактички потег насочен кон вршење притисок врз Хамас.

Трамп директно ја префрли вината врз Хамас за пропаѓањето на преговорите, тврдејќи дека нивното преговарачко влијание ослабело откако десетици заложници беа ослободени или починаа во заробеништво.
„Сега ни останаа последните заложници, а тие знаат што следува потоа. Затоа не сакаа да склучат договор“, рече Трамп.

 

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top