Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

За време на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Анкара, Трамп го обвини иранското раководство дека продолжило со нападите и покрај претходните договори.

„Им рековме да ги извршат своите погребни церемонии, но наместо тоа вчера повторно почнаа да лансираат ракети и да напаѓаат бродови. Затоа синоќа многу силно ги погодивме“, изјави Трамп.

Тој додаде дека американските напади биле „20 пати посилни“ од иранските одмазднички акции и дека „тие се злобни луѓе“.

„Тоа се злобни и болни луѓе. Тие се како рак. А знаете што се прави со ракот? Треба да се отстрани што е можно порано“, рече Трамп.

Одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека американско-иранското примирје е завршено, Трамп рече дека според него тоа повеќе не постои.

„Според мене, примирјето е завршено. Повеќе не сакам да имам работа со нив“, истакна Трамп.

САД и Иран на 17 јуни потпишаа меморандум за разбирање со кој беше прекинат воениот судир и беше договорен 60-дневен период за преговори. Сепак, американската војска во текот на ноќта изврши серија напади врз цели во Иран, наведувајќи дека станува збор за одговор на нападите врз трговски бродови во Ормускиот теснец.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

Холдер: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ

Идниот амбасадор одговори потврдно на прашањето на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

To top