Свет

Трамп одбиен од американските генералите за инвазија на Гренланд

Дали генералите или претседателот ја контролираат американската надворешна политика

Трамп ѝ наредил на војската на САД да испланира инвазија на сојузник на НАТО. Генералите рекле НЕ.

 

Ова го тврди британакиот весник „Mail on Sunday“ кој објави дека Доналд Трамп ѝ наложил на Заедничката команда за специјални операции да подготви детален план за инвазија на Гренланд.

 

Здружените началници на генералштабовите се спротивставуваат на претседателот со објаснување дека тоа ќе биде нелегално и нема да добие поддршка од Конгресот. Барањето според весникот дошло седум дена по апсењето на Мадуро со што се случува уставна криза во американската војска.

 

 

,,Европските дипломати го моделираа она што го нарекуваат „сценарио на ескалација“. Тие го идентификуваа најлошиот случај: „Уништување на НАТО одвнатре“.

 

Еве што тие разбираат, а пазарите не разбираат:

 

Конгресот нема да му дозволи на Трамп да се повлече од НАТО.

 

Но, ако Соединетите Држави нападнат сојузник на НАТО, Европејците ќе мора да си заминат.

 

Окупацијата на Гренланд не го загрозува НАТО. Таа е дизајнирана да го уништи НАТО со принудување на излегување на секоја друга членка.

 

Фракцијата на Стивен Милер кој се смета за радикален ,,јастреб” околу Трамп не се обидува да стекне територија. Тие го организираат колапсот на алијансата преку чин толку нелегален што сојузниците не можат да останат”, пишува весникот кој наведува повеќе факти и бројки кои можат да ја објаснат целата апсурдна ситуација во која се најде Трамп:

 

50 дански војници загинаа борејќи се заедно со Американците во Ирак и Авганистан.

 

Данска троши 14,6 милијарди долари за одбрана на Арктикот.

 

Данска потврди на 7 јануари:

Директивата од 1952 година со која им се наредува на трупите да се борат против напаѓачите без да чекаат команди останува на сила. Против Соединетите Американски Држави.

 

MAIL ON SUNDAY дава ВРЕМЕНСКА ЛИНИЈА:

 

,,Трамп, 5 јануари: „Ајде да разговараме за Гренланд за 20 дена.“

 

25 јануари 2026 година. Четиринаесет дена од сега.

 

На американската војска ѝ е наредено да испланира напад врз сојузник основач на НАТО.

 

Американската војска одби.

 

Не станува збор за Гренланд.

 

  1. Се работи за тоа дали генералите или претседателот ја контролираат американската надворешна политика.

 

Еден од нив ќе изгуби”, пишува во анализата.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top