Свет

Трамп: Откако ќе завршиме со Иран, ќе свратиме до Куба

Американскиот претседател вели дека американските поморски сили – кои моментално се распоредени поради ситуацијата со Иран – на враќање дома ќе застанат кај брегот на Куба

САД би можеле да спроведат уште една воена операција против Иран, слична на „Епски бес“ , изјави американскиот претседател Доналд Трамп за време на обраќање на собир во Флорида.

„Би можеле да организираме уште еден мал ’Епски бес‘“, рече Трамп, мислејќи на американско-израелската кампања против Иран што започна на 28 февруари.

Тој ги повика иранските претставници да се согласат со барањата на САД, со цел да се стави крај на конфликтот.

„Ако се паметни – иранските претставници – едноставно ќе речат: ’Ајде да преминеме на работа‘“, забележа Трамп, додавајќи: „Но, се сомневам дека ќе го направат тоа“.

Трамп го искористи предизборниот собир на Флорида – каде што Кубанските Американци претставуваат значајно гласачко тело – за да вети дека ќе се позанимава со ситуацијата во Куба откако ќе се реши прашањето со Иран.

Но, иако не се гледа крај на конфликтот со Иран, Трамп зазеде тврд став кон Куба, продолжувајќи да врши притисок врз нејзината комунистичка влада – по соборувањето на венецуелскиот лидер претходно оваа година, пренесува Ројтерс.

Трамп, кој на Флорида освои 68 отсто од гласовите на Кубанските Американци, изјави дека американските поморски сили – кои моментално се распоредени поради ситуацијата со Иран – на враќање дома ќе застанат кај брегот  на Куба.

„Еден од бродовите ќе застане на помаллку од 50 метри од брегот.

Тие ќе ги кренат рацете во знак на предавање, а потоа ние ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата“, рече тој.

Марко Рубио, поранешен американски сенатор од Флорида, во администрацијата на Трамп е главно задолжен за политиката кон Куба.

Трамп го засили притисокот врз Куба за време на својот втор мандат.

Во септември, на Генералното собрание на ОН, тој ја нарече Куба „пропадната држава“ и изјави дека „слободата ќе дојде во Куба“ – изјава поради која кубанската делегација ја напушти салата.

Трамп отворено изјави дека неговата цел е темелно да ја промени кубанската влада.

Нафтената блокада наметната од САД ја стави земјата под огромен притисок, додека таа се соочува со недостиг на гориво и прекини во снабдувањето со електрична енергија – состојба што дополнително се влошува поради распаѓањето на инфраструктурата.

Трамп го продолжи ембаргото против Куба за една година

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top