Свет

Трамп пред средбата со Путин: Можни територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина

Сите очи вперени во Аљаска

Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава за новинарите во авионот „Ер форс уан“ на пат за Алјаска, каде денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, најави дека очекува „нешто да произлезе“ од разговорите.

Трамп изјави дека Путин смета оти нападите врз Украина му даваат преговарачка предност, но, според него, тоа му штети. На средбата ќе се разгледуваат и можни територијални отстапки, за кои, како што нагласи, одлуката треба да ја донесе Украина.

Тој додаде дека се можни и безбедносни гаранции за Украина, но не во форма на членство во НАТО, туку преку договор со Европа и други земји. Во однос на економската соработка, Трамп рече дека Русија е заинтересирана за дел од американската економија, но „нема да има деловна активност додека трае војната“.

Трамп го потврди и своето предупредување од почетокот на неделата за „сериозни економски последици“ доколку Путин не покаже интерес за мир, додавајќи дека тоа го прави „за да спаси многу животи“.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Најнови вести

To top