Свет

Трамп: Преговорите меѓу Русија и Украина ќе почнат веднаш

Лидерите на САД и на Русија одржаа долг телефонски разговор, фокусиран на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека разговорот со неговиот руски колега Владимир Путин „поминал многу добро“ и дека разговорите меѓу Москва и Киев ќе почнат „веднаш“. Двајцата лидери денеска разговараа повеќе од два часа, првенствено за конфликтот во Украина. Путин […]

Лидерите на САД и на Русија одржаа долг телефонски разговор, фокусиран на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека разговорот со неговиот руски колега Владимир Путин „поминал многу добро“ и дека разговорите меѓу Москва и Киев ќе почнат „веднаш“.

Двајцата лидери денеска разговараа повеќе од два часа, првенствено за конфликтот во Украина. Путин исто така го опиша разговорот како добар. Во објава на Трут сошл кратко по денешниот разговор, Трамп напиша дека тонот и духот на разговорот биле „одлични“, додавајќи: „Ако не беше така, јас веднаш ќе го кажев тоа“.

„Русија и Украина веднаш ќе почнат преговори за прекин на огнот и, што е поважно, за КРАЈ на војната. Условите за тоа ќе бидат договорени меѓу двете страни, зашто само така може, затоа што тие ги знаат деталите од преговорите за кои никој друг не знае“, рече американскиот претседател.

Русија „сака да прави ТРГОВИЈА во големи размери“ со САД, тврди Трамп, додавајќи дека потенцијалното решавање на конфликтот би ѝ помогнало на Украина да стане „голем корисник“ и од трговијата.

„Постои огромна можност Русија да создаде огромни количества работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е НЕОГРАНИЧЕН“, напиша Трамп.

Претседателот на САД, исто така, рече дека „веднаш по разговорот“ со Путин, разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и со финскиот претседател Александар Стуб, информирајќи ги за својот разговор со рускиот колега.

Најнови вести од: Свет

Демократите објавија нови фотографии од журките на Епштајн: Се продавале кондоми со карикатура од ликот на Трамп

Демократите во Комитетот за надзор и одговорност на Претставничкиот дом објавија 19 фотографии од најновиот пакет материјали добиени од имотот на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн. Овие фотографии се дел од поголема колекција од над 95.000 слики, кои комитетот ги добил во четвртокот вечерта.

За што разговараа последниот „цар“ и „султан“ и предизвикаа дипломатски скандал(ВИДЕО)

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф доживеа дипломатски незгоден момент на самитот во Ашхабат, главниот град на Туркменистан, кога по повеќе од 40 минути чекање неочекувано влезе во просторијата каде што рускиот претседател Владимир Путин веќе разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Најнови вести

To top