Свет

Трамп: „Преправајте се дека не кажав“ – американскиот претседател наговести нова војна

Во последните недели неговата администрација отвори преговори со делови од кубанското раководство, додека самиот Трамп наговести дека воена акција не е исклучена.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека „Куба е следна“ за време на говорот на инвестициски форум во Мајами, при што го пофали успехот на американските воени акции во Венецуела и во Иран.

Иако Трамп не даде конкретни детали за тоа што точно планира во однос на кубанската влада, тој повеќе пати изјавил дека смета дека режимот во Хавана, кој се соочува со тешка економска криза, е на работ на колапс.

Во последните недели неговата администрација отвори преговори со делови од кубанското раководство, додека самиот Трамп наговести дека воена акција не е исклучена.

„Јас ја изградив оваа голема војска. Реков: ‘Никогаш нема да мора да ја користите’. Но, понекогаш мора да ја користите. И Куба, патем, е следна. Но, преправајте се дека не го кажав тоа. Преправајте се дека не го кажав“, рече вчера Трамп.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел призна дека неговата земја води разговори со Соединетите Американски Држави со цел да се обиде да ја избегне можното воено судирање. Кубанската економија е сериозно погодена од прекините во увозот на нафта, од која зависи работењето на електраните и на транспортот.

Пред американската операција во која беше уапсен сега соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро во јануари, Венецуела обезбедуваше голем дел од нафтените потреби на Куба. Меѓутоа, новата влада во Каракас, под притисок од Вашингтон, ги суспендираше тие испораки.

Предходно во март, Трамп изјави дека Куба би можела да биде предмет на „пријателско преземање“, а потоа додаде: „Можеби нема да биде пријателско преземање“.

Најнови вести од: Свет

Иран вети дека ќе „наплати висока цена“ по нападите врз клучните постројки

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Техеран ќе наплати „висока цена за израелските злосторства“ по израелските напади врз две од најголемите челичарници во земјата и врз нуклеарните локации

To top