Свет

Трамп: САД имаат ќар од високите цени на нафтата – „заработуваме многу пари“

Американско-израелските напади врз Иран го затворија Ормутскиот теснец, клучен пат за снабдување низ кој тече околу 20 отсто од глобалната нафта. Во средата, три брода беа погодени од непознати проектили во каналот, при што два од бродовите претрпеа штета, а третиот се запали. Без разлика на потеклото, цената на нафтата брзо се менува поради вакви закани за глобалниот пазар.

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави грчот во којшто се наоѓа светската економија поради војната во Блискиот Исток, која почна со нападите на САД и Израел,  како придобивка за Америка. Во објава на Truth Social Трамп посочи дека вртоглаво растечката цена на нафтата – која повторно скокна над 100 долари за барел пред да падне на 98 долари за барел – на крајот ќе биде корисна за Американците кои се соочуваат со зголемени цени на бензинот на бензинските пумпи.

„Соединетите Американски Држави се најголемиот производител на нафта во светот, па кога цените на нафтата растат, заработуваме многу пари“, напиша претседателот – кој водеше кампања за намалување на трошоците. „НО, од многу поголем интерес и важност за мене, како претседател, е спречувањето на злобната империја, Иран, да има нуклеарно оружје и да го уништи Блискиот Исток, а всушност и светот. Никогаш нема да дозволам тоа да се случи!“

Во средата Трамп се обиде да ги смири загриженостите за скокот на цените на бензинот. „Би рекол дека се зголемија малку помалку отколку што мислевме. Ќе се намалат повеќе отколку што некој разбира“, им рече претседателот на новинарите во Охајо.

Националниот просек во САД за галон гориво моментално е 3,59 долари – во споредба со 2,94 долари пред еден месец.

Војната на Доналд Трамп против Иран предизвика шокови на пазарите на фосилни горива, откривајќи ги опасностите од агендата што дава приоритет на „дупчи, бејби, дупчи“, додека ги саботира обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност во САД, велат експертите и застапниците.

Критичарите велат дека војната, исто така, ја покажува вродената нестабилност на зависноста од нафтата и гасот: за разлика од енергијата од ветерот и сонцето, енергијата базирана на фосилни горива бара постојани влезови на производи чија достапност и трошоци се одредени од глобалниот пазар.

Откако нападите врз Иран започнаа кон крајот на минатиот месец, цените на нафтата скокнаа над 100 долари за барел, достигнувајќи ја нивната највисока цена од руската инвазија на Украина во 2022 година, пред да се вратат на сè уште невообичаено високата цена од околу 92 долари доцна во среда. До четврток наутро, цената повторно беше над 100 долари. Скокот ја зголеми цената на бензинот – во која суровата нафта е клучна компонент. И предизвика загриженост за пошироката инфлација, која често е предизвикана од повисоките цени на суровата нафта.

Претседателот оваа недела ги отфрли загриженостите за зголемувањето на цените, изјавувајќи за Ројтерс дека ако цените на бензинот „растат, тие растат“, а подоцна напиша на социјалните медиуми дека скоковите на нафтата се „многу мала цена“ што треба да се плати за безбедноста на САД и дека „САМО БУДАЛИТЕ ЌЕ РАЗМИСЛУВААТ ПОИНАКУ“. Но, за време на кампањата и во Белата куќа, Трамп постојано ветуваше дека ќе ја намали цената на електричната енергија и бензинот за домаќинствата со „ослободување“ на американските фосилни горива и зголемување на енергетската „независност“ и „доминација“.

Слична порака за Американците, но и за светот, имаше и американскиот министер за енергетика, Крис Рајт: Високите цени на гасот и бензинот што ги плаќате сега се жртва што треба да ја направите, а на крајот ќе се исплати.

„Ги уништуваме способностите на Иран да ги загрозува американските трупи во областа – неговите сојузници, неговите соседи и глобалните енергетски пазари“, рече Рајт во интервју за Си-Ен-Ен утрово. „Значи, да, мора да поминете низ краткорочна болка за да решите долгорочен проблем. Ова е храбро водство на претседателот Трамп. Ова е она што му е потребно на светот“.

Ебрахим Золфакари, портпарол на Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда, вчера за Ројтерс изјави дека светот треба да се подготви за нафта од 200 долари, двојно поголема од сегашната цена. Рајт изјави за Си-Ен-Ен дека 200 долари се „малку веројатни“, но рече дека одбил да предвиди колку би можеле да се зголемат цените на нафтата и гасот.

„Би рекол малку веројатни, но ние сме фокусирани на воената операција и решавањето на проблемот“, рече Рајт. „Нема да нагаѓам за краткорочно тргување кое е базирано на психологија повеќе отколку на текови на нафта.“

Рајт истакна дека Соединетите Американски Држави остануваат убедливо најголемата земја производител на нафта во светот.

Нафтата се тргува на глобален пазар и постојат други извори на сурова нафта низ целиот свет, па затоа нафтата веројатно нема да порасне многу повеќе од 150 долари за барел, дури и ако Ормускиот теснец. Но, 150 долари би го надминале рекордниот максимум поставен во 2008 година, што беше фактор што доведе до глобалната финансиска криза.

Тоа е „моментот царот остана гол“ за политиките на Трамп кои се залагаат за фосилни горива и тврдењата дека ја поддржуваат работничката класа, рече Колин Рис, менаџер за политика на САД во непрофитната организација за истражување и застапување на климата „Оил Чејнџ Интернешнл“.

„Американците, во реално време, ги гледаат длабоките неуспеси на стратегијата на Трамп“, рече тој. „Гледаме дека тој не прави ништо за да обезбеди енергетска стабилност или стабилност на цените.“

Агендата „дупчи, бејби, дупчи“ никогаш не можеше да ги заштити Американците од нафтените шокови, рече Мајкл Клајн, професор по меѓународни економски прашања на Универзитетот Тафтс.

Американско-израелските напади врз Иран го затворија Ормутскиот теснец, клучен пат за снабдување низ кој тече околу 20 отсто од глобалната нафта. Во средата, три брода беа погодени од непознати проектили во каналот, при што два од бродовите претрпеа штета, а третиот се запали. Без разлика на потеклото, цената на нафтата брзо се менува поради вакви закани за глобалниот пазар.

Најнови вести од: Свет

Предупредување на најголемо нарушување на пазарот на нафта поради војната на Блискиот Исток

Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, повеќето од седумте земји од Персискиот Залив – Саудиска Арабија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар, Бахреин и Иран – значително го намалија производството поради нивната зависност од Ормутскиот теснец.

Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи се заканува и ветува „одмазда за жртвите од војната“

Новиот ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, денеска повика на одмазда за жртвите од војната, се наведува во соопштението прочитано на државната телевизија, пренесе ДПА. Овој 56-годишен свештеник ја нагласи „потребата од одмазда“ во својата прва официјална изјава откако го наследи својот покоен татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад на 28 февруари.

Најопасното оружје во Персискиот Залив не е ракета, подморница или носач на авиони – туку нешто што никогаш нема да го видите

Во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел, Ормутскиот теснец – тесниот пролаз низ кој поминува околу 20–21% од светската нафта и значителен дел од течниот природен гас – се претвори во потенцијално најопасното морско подрачје на планетата.

To top