Свет

Украинка (27) во Атина паднала од 4 кат на балконот од 3 кат, се вратила дома и паднала од друга тераса овојпат на паркинг!

Грчката полиција истражува необичен случај кога жена два пати падна од балкон на зграда во Маруси, предградие на Атина. Дваесет и седумгодишната жена од Украина е пренесена во болница со сериозни повреди и е во критична состојба по операцијата. Нејзиниот 29-годишен сопруг, по потекло од Русија, веднаш е уапсен, поради сомнеж за семејно насилство. Настанот се случи во неделата вечерта.

Според полицијата во Грција, Украинката прво паднала на балконот на 3. кат, а според некои извештаи, нејзиниот пад го ублажила тенда. После тоа, и покрај шокот, жената се вратила во станот, а нејзиниот сопруг повикал приватна брза помош. Меѓутоа, набргу потоа, жената повторно од друг балкон паднала на бетонската подлога на паркингот пред зградата.

Покрај нејзиниот сопруг, во полициската станица во Маруси била испрашана и 65-годишната жена, која живее во станот, на чиј балкон прво паднала Украинката. Истражителите разгледуваат повеќе можни сценарија, вклучувајќи обид за самоубиство, несреќен случај, или можно кривично дело. Случајот во грчките медиуми е оценет како еден од најневообичаените во последниот период.

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

За екоцид ќе се лежи доживотно

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top