Свет

Трамп: Војната во Иран е поважна од цената бензинот

Глобалните цени на нафтата скокнаа за 16 отсто од почетокот на војната во саботата, бидејќи проширувањето на конфликтот го наруши снабдувањето на Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради зголемувањето на цените на бензинот во Америка предизвикано од проширувањето на конфликтот во Иран.

Во ексклузивното интервју за Ројтерс, Трамп изјави дека воената операција на САД е негов приоритет.

„Не сум загрижен за тоа“, рече тој на прашањето за повисоките цени на бензинот.„Тие ќе се спуштат многу брзо кога ќе заврши сето ова, а ако се качуваат нагоре, ќе се качат“.

Трамп наајави дека воената кампања против Техеран ќе трае од 4 до 5 недели, но политичките и воените експерти се сомневаат во тоа, истакнувајќи дека американската влада допрва треба да ја артикулира својата крајна цел бидејќи конфликтот продолжува да се шири низ регионот и пошироко.

Во интервјуто, Доналд Трамп рече дека нема намера да ги користи стратешките нафтени резерви и дека е убеден дека Ормускиот теснец, критичниот канал за испорака на нафта во близина на Иран, ќе остане отворен бидејќи иранската морнарица се наоѓа на „дното на морето“.

Глобалните цени на нафтата скокнаа за 16 отсто од почетокот на војната во саботата, бидејќи проширувањето на конфликтот го наруши снабдувањето на Блискиот Исток.

Просечната цена на бензинот во САД скокна за 27 центи од минатата недела на 3,25 долари за галон.

Просечната цена во земјава во моментов е за 15 центи повисока од пред една година.

Трамп вели дека цените „не се зголемија многу“.

Тоа е промена во тонот на претседателот, кој минатиот месец се пофали со падот на цените на бензинот во неговото обраќање за состојбата на Нацијата и на енергетскиот собир во Тексас само неколку часа пред САД да ги започнат своите воздушни напади.

Најнови вести од: Свет

Нетанјаху: Измислица се тврдењата за непријателство кон христијаните во Израел

Тврди дека Израел е единственото место во регионот каде што христијаните „напредуваат“, додека во соседните арапски земји биле „угнетувани, задушувани, а понекогаш и масакрирани“

Во една од најбогатите земји се враќа ќотекот како дисциплинска мерка во училиштата

Тој додаде дека училиштата ќе ја земат предвид зрелоста на учениците и ќе проценат дали таквата казна може да му помогне на детето да ја разбере сериозноста на своето однесување и да научи од своите грешки.

„Потполно неприфатливо“: Трамп го одби мировниот предлог на Иран

Иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови и предвидуваа САД да мора да платат воени репарации, а Техеран, исто така, побарал целосен суверенитет над Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот

To top