Свет

Урсула фон дер Лајен пред ЕП: Спремна сум да напредувам дури и без согласност на сите 27 членки

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур ја истакна потребата од итно поедноставување и интеграција на пазарот на капитал во Европската Унија, со цел да се намали фрагментацијата и да се зајакне конкурентноста на европските компании во глобалниот контекст.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур ја истакна потребата од итно поедноставување и интеграција на пазарот на капитал во Европската Унија, со цел да се намали фрагментацијата и да се зајакне конкурентноста на европските компании во глобалниот контекст.

„Тука во Европа немаме само 27 различни финансиски системи, секој со свој супервизор. Туку имаме и повеќе од 300 места за тргување низ нашата Унија. Тоа е фрагментација на стероиди. Потребен ни е еден голем, длабок и ликвиден пазар на капитал“, порача Фон дер Лајен на пратениците.

Таа го спореди соединетите американски системи, каде што постои еден унифициран финансиски пазар со неколку дополнителни центри, додека Европа останува поделена на национално ниво.

Европската комисија веќе предложи мерки за хармонизација на националните правила, со цел да се создаде т.н. Унија за штедење и инвестиции (Savings and Investment Union), која би овозможила полесен проток на капитал, подобар пристап до финансирање за компаниите (особено за МСП и иновативни фирми) и поголема привлечност за инвеститорите.

Фон дер Лајен беше јасна дека е подготвена да продолжи со законодавството дури и ако не сите 27 членки се согласуваат да ги намалат или усогласат своите национални регулативи.

„На нашите компании им треба капитал токму сега. Затоа, ајде да го завршиме ова годинава. Мораме да напредуваме, на еден или на друг начин, за да ги урнеме бариерите што нè спречуваат да бидеме вистински глобален гигант“, додаде таа.

Овој говор доаѓа во пресрет на серија клучни настани фокусирани на конкурентноста: индустрискиот самит во Антверпен (денеска) и утрешниот неформален собир на лидерите на ЕУ, каде што ќе се дискутира за имплементација на препораките од извештаите на Драги и Лета, како и за намалување на бирократијата, интеграција на единствениот пазар (вклучително енергија и капитал) и зголемување на инвестициите.

Хармонизацијата на финансиските правила во ЕУ историски беше тешка поради отпорот на националните интереси, но Фон дер Лајен нагласи дека 2026 година е клучна за напредок, особено во услови на геополитички тензии, високи трошоци за енергија и конкуренција од САД и Кина.

Најнови вести од: Свет

Хрватска: Калуѓерката лажела дека била напднта со нож од мигрант

Обвинителството бара казна од 10 месеци затвор за калуѓерката Т.З. (35), условна казна од три години, откако е обвинета за лажно пријавување кривично дело, бидејќи поднела кривична пријава против непознат напаѓач иако самата нанела повреди со нож

Најмалку девет убиени и 25 ранети во масовно пукање во училиште во Канада

Осомничениот напаѓач бил пронајден мртов по „самонанесена повреда“, соопшти полицијата. Според неофицијални податоци се работи за жена со кафеава коса облечена во фустан

Осомничениот беше опишан како жена со кафеава коса облечена во фустан

Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД, кој се стреми кон распад на ЕУ!

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и оти неодамнешниот „гренландски момент“ треба да се сфати како повик за будење за спроведување на долго одложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската унија. Макрон оцени дека администрацијата на Трамп е „отворено антиевропска“ и оти се стреми кон „распаѓање“ на ЕУ.

Трамп со нова закана до Канада: Нема да дозволам да ја искористат Америка!

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го попречи отворањето на новиот мост што ги спојува Соединетите Американски Држави и Канада, сè додека Вашингтон не добие „целосна компензација“ за сите штети што му ги нанел северниот сосед.

To top