Свет

Утрово убиени 25 Палестинци во Појасот Газа

Беспилотно летало, во еден од нападите, погодило шатор за раселени лица, при што загинале едногодишно дете и две деца на возраст од 12 и 13 години

Најмалку 25 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади во Појасот Газа утрово, според медицински извори цитирани од палестинските медиуми, јавува Тајмс оф Израел.

Бројот на жртви не е потврден, а израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не ги коментирале извештаите и велат дека ги испитуваат случаите.

Еден напад со беспилотно летало ноќеска во Деир ал-Балах во централна Газа наводно погодил шатор за раселени лица, при што загинале петмина, вклучувајќи едногодишно дете и две деца на возраст од 12 и 13 години, како и двајца возрасни.

Во друг напад во Деир ал-Балах утрово загинале пет лица, според палестинските медиуми.

Во Кан Јунис во јужна Газа, палестинските медиуми известуваат за напад во кој загинале осум лица.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

To top