Свет

Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава

Соочени со растечкиот терор на Блискиот Исток, дејствуваме за да ја одржиме жива можноста за мир и решение за две држави

Обединетото Кралство, Канада и Австралија денеска објавија дека формално ја признаваат Палестина како суверена држава.

Британскиот премиер Кир Стармер ја објави одлуката преку видео порака.

– Соочени со растечкиот терор на Блискиот Исток, дејствуваме за да ја одржиме жива можноста за мир и решение за две држави. Тоа значи безбеден и сигурен Израел покрај одржлива палестинска држава – а во моментов немаме ниту едното ниту другото, наведе Стармер, додаваќи дека моментот за признавање на палестинската државност „е дојден сега“.

Речиси истовремено, палестинската државата ја признаа и Канада и Австралија.

Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека Канада официјално ја признава dржавата Палестина и го прави тоа со меѓународни партнери за да ја зачува перспективата за решение со две држави.

– Во текот на многу децении, посветеноста на Канада кон [решение со две држави] се темелеше на очекувањето дека овој исход на крајот ќе се постигне како дел од договорено решение. Сепак, таа можност „постојано и сериозно еродира[e“ од неколку случувања, вклучувајќи го нападот предводен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, резолуцијата на израелскиот парламент со која се поддржува анексијата на окупираниот Западен Брег и ограничувањата на израелската влада за хуманитарна помош, се наведува во изјавата на Карни.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе, пак, соопшти дека Канбера им придружува на Лондот и Орава во донесувањето на оваа историска одлука.

– Австралија ги признава легитимните и долгогодишни аспирации на народот на Палестина за сопствена држава. Денешниот чин на признавање ја одразува долгогодишната посветеност на Австралија на решение со две држави, кое отсекогаш било единствениот пат кон траен мир и безбедност за израелскиот и палестинскиот народ, истакнува Албанезе.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

Холдер: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ

Идниот амбасадор одговори потврдно на прашањето на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

Најнови вести

To top