Свет

(Видео): Apple ги претстави новите модели „iPhone 17 Pro“

Кај iPhone 17 Pro моделите, Apple посебно внимание посвети на термичкото управување. Уредот користи сопствен vapor chamber систем, во кој дејонизираната вода затворена во комората се шири и кондензира за ефикасно преместување на топлината подалеку од компонентите.

Apple официјално ги претстави и iPhone 17 Pro моделите, кои носат неколку визуелни и технички новини. Најзабележлива промена е редизајнот на модулот на камери, кој сега се протега преку целиот заден дел од уредот, како што имавме можност да видиме изминативе недели од неофицијални извори. Во понудата е и нова портокалова варијанта, покрај сината и сребрената боја.

iPhone 17 Pro е воедно и првиот iPhone со unibody конструкција, изработена од едно парче метал. Ова овозможува интеграција на најголемата батерија досега во iPhone, како и целосно нов термички систем кој брзо ја дисперзира топлината низ целото куќиште, со што се подобрува долготрајната изведба на уредот при барани задачи.

И предната и задната страна се заштитени со Ceramic Shield 2, додека unibody пристапот носи комбинација од издржливост и минималистички дизајн.

Кај iPhone 17 Pro моделите, Apple посебно внимание посвети на термичкото управување. Уредот користи сопствен vapor chamber систем, во кој дејонизираната вода затворена во комората се шири и кондензира за ефикасно преместување на топлината подалеку од компонентите. Целиот систем е ласерски заварен во куќиштето, што овозможува постабилна работа и повисоки перформанси во подолг временски период.

Новиот Pro е изработен и од алуминиумска легура од сопствен дизајн на Apple, која има 20 пати поголема топлинска спроводливост во однос на титаниумот користен кај претходните модели. Значи, титаниум веќе нема – штета. Покрај тоа што подобро ја одведува топлината, оваа легура е и полесна, па iPhone 17 Pro спојува посилно ладење со подобрена ергономија.

iPhone 17 Pro го покренува новиот A19 Pro SoC, кој носи значаен скок во перформансите. Како и кај Air, се состои од 6-јадрен CPU и 6-јадрен GPU, а секое GPU јадро има вграден невронски акцелератор за забрзано извршување на AI задачи. Чипот има и поголем cache и повеќе меморија, што заедно овозможува до 40% подобри перформанси во однос на iPhone 16 Pro.

Apple, очекувано, силно ги нагласува гејминг можностите на Pro моделот, иако останува прашањето колку корисниците навистина ќе се потпрат на iPhone како платформа за сериозно играње. Но, факт е дека Pro серијата сè повеќе се доближува до нивото на перформанси што до скоро беа резервирани за лаптопи.

Кај iPhone 17 Pro акцентот е ставен и на издржливоста. Задната страна повеќе не е обична стаклена површина, туку е сега прекриена со Ceramic Shield, интегриран во unibody куќиштето, што ја прави четири пати поотпорна на кршење. На предната страна е новата генерација Ceramic Shield 2, која дополнително ја подобрува отпорноста на гребнатини и удари.

Apple тврди дека батеријата е значително зголемена, иако не наведоа официјални бројки. Таа е претставена како најголема батерија некогаш ставена во iPhone – најверојатно се однесува само на iPhone 17 Pro Max. Според презентацијата, уредот може да издржи до 39 часа репродукција на видео.

Што се однесува до камерите, Apple за прв пат вгради три задни камери од 48 MP, при што секоја носи Fusion ознака. На предната страна се наоѓа 18-мегапикселна Center Stage камера, со истите функции како кај останатите модели.

Apple тврди дека новиот систем носи подетални фотографии во сите фокусни должини и услови на осветлување. Особено се издвојува новата 48-мегапикселна Fusion телефото камера, која нуди 4x оптички zoom на 100 мм и 8x zoom на 200 мм. Вграден е и следната генерација tetraprism телефото систем со 3D sensor-shift стабилизација на слика, додека самиот телефото сензор е за 56% поголем од претходникот.

Apple сето ова маркетиншки го опишува како „еквивалент на осум Pro објективи во вашиот џеб“, иако уредот физички има само три задни камери.

Apple кај iPhone 17 Pro стави посебен акцент и на видео можностите. Најголемата новина е поддршката за ProRes RAW снимање, што отвора врати за професионална обработка, но, претпоставливо, бара значително повеќе интерна меморија. Дополнително, iPhone 17 Pro сега поддржува и апликации како Final Cut Camera и Blackmagic Camera, со што значително се проширува спектарот на алатки за креатори на содржини.

Додадена е и поддршка за Genlock синхронизација на видео, која овозможува усогласување на повеќе камери за време на снимање. Apple тврди дека овие функции ги прават професионалните филмски алатки подостапни од кога било, позиционирајќи го iPhone 17 Pro како сериозен алат за филмски творци. Конкуренција на Sony, кој и онака е во пад?

iPhone 17 Pro ќе чини 1.099 долари, а Pro Max 1.199 долари. Двата модели ќе доаѓаат со 256 GB во почетната конфигурација, а Pro Max ќе може да се земе и со 2 TB.

Најнови вести од: Свет

Епштајн сакал да ја купи „Титовата вила“ по пожарот во Њујорк, откриваат документи на САД

Според наводи од времето на Студената војна, на врвот на зградата постоела просторија што не можела да се прислушува, а прозорците кон Петтата авенија биле непробојни. Во моментот на продажбата, зградата немала централна климатизација, а гасот бил исклучен по пожарот.

Поранешен кинески министер осуден на доживотен затвор поради корупција – „лапнал“ 19,8 милиони долари

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција, јави Кинеската централна телевизија. Судот во Сјамен, во југоисточната провинција Фуџијан, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со […]

Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

Сиљановска-Давкова ќе учествува на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува првпат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики

Трамп: Најновите документи за Епштајн ме ослободуваат од обвинувањата

Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.

To top