Свет

„Војна“ во Рио де Жанеиро – 64 убиени (ВИДЕО)

60 криминалци и 4 полицајци убиени, 80 уапсени, повеќе од 80 повредени, вклучувајќи цивили

Најмалку 64 лица беа убиени во полициска операција против бандата Црвена команда (Comando Vermelho) во северните предградија на Рио де Жанеиро – најголемата и најсмртоносна акција во историјата на бразилската држава, јави Би-Би-Си.

Четири полицајци беа меѓу убиените за време на операцијата „Континуитет“ во сиромашните делови од градот (фавели) Алемао и Пења, изјави гувернерот на државата Клаудио Кастро. Уапсени се повеќе од 80 лица.

Жестоки судири избувнаа кога околу 2.500 припадници на безбедносните сили влегоа во фавелите вчера.

Црвената команда одговори со огнено оружје, палење барикади и фрлање бомби од беспилотни летала, соопштија официјални лица.

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека е „ужасна“ од полициската операција, повикувајќи на „брзи и ефикасни истраги“.

Северот од градот е во хаос: пукање, палење автомобили, жителите се плашат да ги напуштат своите домови.

Картелите користат FPV дронови за блокирање на областите.Дроновите се модифицирани за да фрлаат мали експлозивни направи врз полициските тимови. Градинките, училиштата и здравствените установи во областите се затворени.

Телевизијата Globo, која има голема мрежа во Рио, ја опишува ситуацијата во градот како „граѓанска војна“.

Гувернерот Клаудио Кастро го обвини претседателот Лула да Силва дека одбива да испрати војска. Кастро побара, покрај војниците, во градот да влезат и оклопни возила.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Најнови вести

To top