Свет

Вооружен маж застрелан во близина на Белата куќа

Во моментов не е познато дали инцидентот е поврзан со претседателот Доналд Трамп

Тајната служба соопшти дека агентите вчера застрелале маж  во близина на Белата куќа, за кој се тврди дека отворил оган откако се соочил со властите, јави Ен-Би-Си њуз

Заменик-директорот на Тајната служба, Мет Квин, изјави дека бил забележан околу 15:30 часот во понеделник од агенти во цивил кои го виделе како носи оружје.

Тие накратко го следеле и побарале помош од униформирани полицајци.

Човекот се обидел да избега кога полицајците му се приближиле, пукајќи кон нив, а тие возвратиле со оган.

Неидентификуваниот вооружен човек бил однесен во болница. Неговата состојба не е веднаш позната. Екипите за итни случаи, исто така, превезле малолетник кој бил застрелан, но не бил сериозно повреден.

Мет Квин рече дека не може со сигурност да каже дали бил застрелан од осомничениот, но истражителите веруваат дека бил. „Ќе им дозволиме на лекарите да го откријат тоа“, додаде тој.

Инцидентот ќе го истражи полицијата во Вашингтон.

Тајната служба ги повика луѓето да ја избегнуваат областа, каде што имало големо полициско присуство. Белата куќа накратко била блокирана додека истрагата продолжувала. Претседателот Доналд Трамп одржувал мал бизнис настан кој не бил прекинат.

Во моментов не е познато дали инцидентот е поврзан со Трамп. „Нема да шпекулирам за тоа“, рече Квин. „Дали беше насочено кон претседателот или не, не знам, но ќе дознаеме“, додаде тој.

Кон крајот на април, маж отвори оган во хотел во Вашингтон за време на вечера за новинари акредитирани во Белата куќа. Кол Ален, 31, беше обвинет за обид за атентат врз претседателот.

„Пролетал“ низ обезбедувањето на Трамп за само 4 секунди (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

Обама: Нетанјаху ме наговараше за војна со Иран, сега го доби она што го сакаше

Израелскиот премиер го доби она што го сакаше. Но, дали на крајот е најдобро за израелскиот народ е многу дискутабилно. Се сомневам дека е добро и за САД, вели поранешниот американски претседател

(Фото): 20.000 поморци заглавени во Ормутскиот теснец – ситуација без преседан

Преку „Проектот Слобода“ претседателот Трамп ја почна американска операција за извлекување на заглавени трговски бродови во Ормускиот теснец. САД воспоставија безбедносна зона јужно од вообичаените бродски рути и ги повикаа морнарите да се координираат со властите на Оман. Воената команда на Техеран соопшти дека ќе возвратат на сите агресивни дејствија, а бродовите што минуваат низ протокот мора да се координираат со нив.

Иран ги предупредува САД: Не влегувајте во Ормускиот теснец

Американската операција за ослободување на бродовите заглавени во Ормутскиот теснец ќе вклучува бродови-уништувачи со наведувани ракети, повеќе од 100 авиони, повеќедоменски беспилотни системи и околу 15.000 воен персонал

To top