Свет

Вооружен судир меѓу Тајланд и Камбоџа

Конфликт наизглед од нигде никаде

Вооружени судири избувнаа рано утрово меѓу Тајланд и Камбоџа, соопштија војските на двете земји, тврдејќи дека другата страна ги испукала првите истрели.

Тајландската војска во соопштението наведува дека вооружените сили на соседна Камбоџа отвориле оган врз спорната погранична област во близина на храмот Та Моан Том, на околу 360 километри од главниот град Бангкок.

Поранешниот камбоџански лидер Хун Сен рече дека земјата „нема друг избор освен да се брани“ од Тајланд, апелирајќи до граѓаните да останат смирени и да избегнуваат панично купување.

„Инвазија. Тајландската армија објави дека денес ќе го затвори влезот во храмот Та Моан Том, што беше наредено вчера, а тајландските војници сега почнаа да ја напаѓаат камбоџанската армија“, напиша Хун Сен на Фејсбук утрово. Камбоџанската војска нема друг избор освен да се соочи и да возврати, додаде тој“.

Во подоцнежна објава, тој рече дека учествувал во воени команди преку видео врска, откако се појавија гласини дека ја напуштил Камбоџа и заминал во Кина.

„Седам тука откако командантот на Вториот регион на Тајланд рече дека ќе го затвори влезот во храмот Та Моан Том“, рече Хун Сен, јасно обвинувајќи го тајландскиот командант за ескалација на конфликтот.

„Ве молам, драги Камбоџани, не паничете, не трчајте да купувате ориз, не собирајте залихи или не продавајте стока по повисоки цени“, рече поранешниот лидер и татко на сегашниот премиер Хун Манет.

Тој, исто така, ги повика Камбоџанците да продолжат да работат нормално „освен во пограничните области на провинциите Одар Минчи и Преах Вихер, кои беа нападнати од тајландската армија“.

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа прво мора да престанат пред да можат да започнат преговорите, изјави денес привремениот премиер на Тајланд, Фумтам Вечајачаи, како што објави Ројтерс.

И Тајланд и Камбоџа се рангирани меѓу најпријателските земји во светот, а само пред пет години, овие соседи од Југоисточна Азија веруваа дека нивното пријателство не може да се раскине, наведе „ТАЈМ“.

Сепак, во последните месеци, билатералните односи се спуштија на опасно ниво, а двете земји сега се вклучени во вооружен конфликт на границата.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Најнови вести

To top