Свет

Возел со 321 км/ч по германски автопат

Возел на делница каде ограничувањето на брзината од 120 км/ч, што значи дека возачот возел 201 км/ч над дозволеното

Возач на луксузен автомобил „Порше Панамера“ бил запрен откако на радар било регистрирано дека се движи со брзина од 321 км/ч на автопатот А2 западно од Берлин.

Овој дел од автопатот има ограничување на брзината од 120 км/ч, што значи дека возачот возел 201 км/ч над дозволеното, објави „Асошиејтед прес“.

Идентитетот на возачот не е објавен. Тој е казнет со 900 евра и му е забрането да вози три месеци, соопшти полициската управа во Магдебург.

Германските автопати се познати по отсуството на ограничувања на брзината на многу делници.

Германските власти и клубовите на возачи со години се расправаат дали таквата политика треба да продолжи.

ј.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top