Свет

Зеленски нема да ѝ отстапи на Русија украинска територија

Никој не може да го стори ова, освен ако не сака да оди против украинскиот устав и украинскиот народ

 

 

Андриј Јермак, шефот на украинската претседателска администрација, рече дека Володимир Зеленски нема да потпише никаков документ што вклучува отстапување на украинска територија додека е на функција, објави Украинска правда.

„Додека Зеленски е претседател, никој не треба да смета дека ние ќе се откажеме од територија. Тој нема да потпише предавање на територија. Уставот го забранува тоа. Никој не може да го стори ова, освен ако не сака да оди против украинскиот устав и украинскиот народ“, нагласи Јермак во интервју за „Атлантик“.

Јермак додаде дека Зеленски има намера да повлече црвена линија за најконтроверзното прашање во преговорите – барањето на Русија за суверена украинска територија. „Сè за што реално можеме да зборуваме во овој момент е дефинирање на линијата за демаркација. И тоа е она што мора да го направиме“, рече тој.

Ова е реакција на „понудата“ на Владимир Путин кој вчера изјави дека ќе ја прекине офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите што Москва ги смета за свои, заканувајќи се дека во спротивно неговата армија ќе ги земе со сила. Острата порака доаѓа додека руските сили полека, но сигурно напредуваат низ источна Украина во исцрпувачка битка против украинските сили.

„Ако украинските сили ги напуштат териториите што ги држат, тогаш ќе ги прекинеме борбените операции“, рече Путин за време на посетата на Киргистан. „Ако не, тогаш ќе го постигнеме тоа со воени средства“.

Прашањето за окупираната територија е една од најголемите пречки во мировниот процес. Друго клучно прашање се западните безбедносни гаранции за Украина. Во позадина на овие спротивставени ставови, се одвиваат американски дипломатски напори. Оригиналниот план Вашингтон-Москва, изготвен без консултација со европските сојузници, предвидуваше повлекување на Киев од источниот регион Донецк и де факто признавање од САД на регионите Донецк, Крим и Луганск како руски.

Зеленски: Идејата за отстапување на територија на Русија е неприфатлива

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top