Свет

Зеленски разочаран: На преговорите се испратени руски „статисти“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски слета во турската престолнина Анкара на разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Откако слезе од авионот, украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа краток говор во кој рече дека е во контакт со американската делегација во врска со преговорите со Русија. Зборувајќи за руската делегација во Истанбул, Зеленски рече: „Официјално не знам на […]

Украинскиот претседател Володимир Зеленски слета во турската престолнина Анкара на разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Откако слезе од авионот, украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа краток говор во кој рече дека е во контакт со американската делегација во врска со преговорите со Русија.

Зборувајќи за руската делегација во Истанбул, Зеленски рече: „Официјално не знам на кое ниво се претставниците. Но, од она што го видовме, тие изгледаат како статисти“.

Зеленски додаде дека Украина ќе одлучи за следните чекори по неговата средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Трамп: Што барам во Истанбул ако таму не е Путин

Најнови вести од: Свет

Пресврт во САД и проблеми за Трамп: Демократските кандидати водат во шест од седум клучни држави, дури и во традиционални републикански упоришта!

Само еден ден пред американските избори на средината на мандатот, најновите анкети на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот.

To top