Свет

Зеленски согласен преговорите да почнат врз база на актуелната линија на фронтот

Американскиот претседател предложи двете страни да останат таму каде што се и да почнат преговори. Мислам дека тоа беше добар компромис

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го оцени како „добар компромис“ предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп преговорите со Русија да почнат врз основа на актуелната линија на фронтот.

-Американскиот претседател предложи двете страни да останат таму каде што се и да почнат преговори. Мислам дека тоа беше добар компромис, но не сум сигурен дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе го поддржи и тоа му го кажав на Трамп, посочи Зеленски.

Трам изминатите денови врши притисок врз двете завојувани страни да ги прекинат непријателствата и им предложи на Украина и Русија „веднаш да застанат на сегашната линија на фронтот“.

Тој минатата недела соопшти дека набрзо ќе се сретне со Путин во Будимпешта, но вчера изјави дека „не сака залудна средба“ со рускиот претседател.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top