Свет

Зеленски: Трамп виде дека Путин е – лажго

Путин само кажува едно, а потоа бомбардира. Тој не сака војната да заврши.

Russian President Vladimir Putin attends a meeting with mothers awarded the honorary title of Mother Heroine and families decorated with the Order of Parental Glory ahead of the upcoming International Children's Day, via video link at the Kremlin in Moscow, Russia May 29, 2025. Sputnik/Alexander Kazakov/Pool via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY.

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот за Newsmax изјави дека неговиот американски колега Доналд Трамп конечно го видел рускиот лидер Владимир Путин таков каков што е – лажго, пренесuvaat медиуми.

„Претседателот Трамп сфаќа дека Путин го лаже. Важно е претседателот Трамп да го види ова сам – а не што ќе го дознае од некој друг, туку што го гледа сам“, рече Зеленски.

Тој истакна дека властите во Киев ги поддржале сите иницијативи на САД за прекин на огнот.

„Ги поддржав сите иницијативи на претседателот Трамп. Тој ја виде реалноста: Путин само кажува едно, а потоа бомбардира. Тој не сака војната да заврши.

Постои одлука да се продолжи со помагањето на Украина.

Постои разбирање дека е важно за Соединетите Американски ДржавиУкраина да не ја изгуби оваа војна.

Путин губи голем број од својата војска, испраќајќи ги во смрт“, додаде украинскиот претседател.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top