Свет

Зеленски: За една недела Русија изведе 1.800 напади со беспилотни летала врз Украина

Русија го засилува теророт, тврди украинскиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија за сè поголем тероризам врз цивилите во неговата земја, известувајќи дека најмалку 1.800 беспилотни летала биле лансирани врз Украина во текот на изминатата недела, јави ДПА.

Руските сили, исто така, неделава врз Украина фрлија над 1.200 лизгачки бомби и лансираа 83 ракети, рече украинскиот претседател на каналот Телеграм, пренесува германската агенција.

„Русите го зголемуваат теророт врз градовите и општините, за дополнително да ги заплашат нашите луѓе“, напиша Зеленски.

Истовремено, украинскиот лидер ја пофали украинската противвоздушна одбрана.

„Специјално развиените дронови-пресретнувачи неделава соборија стотици борбени дронови „Шахед“, произведени во Иран, а што беа лансирани врз Украина“, рече тој.

Зеленски рече дека неодамна имал голем број состаноци со западните партнери за понатамошен развој на овие одбранбени беспилотни летала, пренесе ДПА.

Украина се брани од целосна руска инвазија повеќе од три години, во голем дел благодарение на оружјето што го обезбедуваат западните сојузници.

Русија неодамна значително ги засили ноќните воздушни напади врз помалиот сосед и речиси секој ден ја напаѓа Украина од воздух.

Русија во средата го изведе својот досега најголем напад со беспилотни летала врз украинска територија, при што Украина пресретна повеќе од 700 дронови.

Најнови вести од: Свет

Ужас на хокеарски натпревар: Убиецот, кој се идентификувал како жена, со пиштол ги ликвидирал поранешната сопруга и децата (Видео)

Три лица загинаа, а тројца се тешко ранети во пукање за време на младински хокеарски натпревар меѓу средни училишта во Потакет, Род Ајленд. Меѓу жртвите е и напаѓачот кој ја убил поранешната сопруга и детето, кој потоа извршил самоубиство. Според полициски извори, убиецот, за кој се смета дека е и татко на еден од играчите на натпреварот, е 56-годишниот Роберт Дорган, кој се претставувал под името Роберта и наводно се идентификувал како жена.

Новиот закон во Германија: Целосна забрана за апликации што предупредуваат за сообраќајни контроли

Германија се подготвува за радикална промена во регулативата за апликациите за навигација, која би можела да оди чекор подалеку од сегашните правила во повеќето европски земји.

Украина и Русија во Женева на нова рунда преговори за мир

Претставници на Украина и Русија денеска и утре ќе се сретнат во Женева на нова рунда мировни преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, при што Кремљ истакнува дека фокусот ќе биде на најгорливото прашање од војната – судбината на украинската територија окупирана од Русија.

Холандскиот министер за одбрана: Ф-35 може да биде „хакиран“ како Ајфон(ВИДЕО)

Холандскиот министер за одбрана Гијс Туинман ја изненади јавноста со изјава дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи дека авионот буквално би можел да биде „хакиран“ како Ајфон.

To top