Македонија

Аманетот на Мисирков од 1903 до Македонците за жестока борба да го зачуваат македонскиот јазик и против „ бугарцките маневри“ „да се создаит Бугарцка Македониiа“!

Пишува Свето Тоевски: „Опасноста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нивно место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но […]

Пишува Свето Тоевски:

„Опасноста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нивно место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме сите и дозволени и недозволени стредства, за да сочуаме нашиiот народен iазик, и со него нашите народни интереси.“ – оваа знаменита мисла на еден од основоположниците на македонизмот Крсте Мисирков од неговата книга „За македонцките работи“ од 1903 година одекнува како моќна и вонвременска порака, но и уште повеќе како жестока предупреда до денешново македонско поколение и сега, спроти денешната расправа на пленарната седница на Европскиот парламент за предлог-извештајот на Томас Вајц за Македонија, во кој се избришани  македонскиот идентитет и јазик од притисок на Бугарија, но и на Грција.

Мисирков уште пред 122 години повика на бескомпромисна борба со „сите дозволени и недозволени средства“ да се спречи „насадување“ на бугарскиот јазик и бугарските интереси во Македонија , затоа што „македонскиот јазик е душата на македонскиот народ“, кажано со речникот на Мисирков.

Жестоките противмакедонски лобирања на Софија и Атина придонесоа од документот на Вајц да „исчезнат“ македонскиот идентитет и јазик. Но и реакциите на Македонија го спречија подмолниот бугарски обид во актот на австрискиот известител за Македонија македонскиот јазик да се прикаже како „модерен“, а со тоа и македонскиот народ да стане „модерен“. Тоа ќе значеше дека македонскиот јазик и македонскиот народ немаат никакви корени и оти се „создадени“ во 1944/1945 година.

Мисирков е многу јасен: како што ги употребуваат напаѓачите сите дозволени и недозволени средства врз македонскиот јазик и македонските национални интереси, обврска има и македонскиот народ да ги искористи исто така сите дозволени и недоволени средства, за се заштити себеси, својот јазик и своите интереси! Кажано со речникот на Мисирков, штом Бугарија во овој момент, користејќи ја „европската пропаганда“, односно прикаските за македонската евроинтеграција, се обидува по секоја цена да ги „исчисти“ од Македонија македонскиот јазик и македонските интереси и на нивно место да ги „насади“ бугарскиот јазик и своите бугарски интереси, тогаш ова им дава полно право на Македонците со сета сила и со сите средства да се спротивстават на ваквата опасност.

Бришењето на македонскиот идентитет и јазик во документот на Томас Вајц е само еден од многуте бугарски напади врз се што носи идентификациски предзнак „македонски“ во континуитет повеќе од еден век. Опасноста, на која посочувал уште во своето време Крсте Мисирков, е истата опасност и денес. Во „За македонските работи Мисирков нагласува: „Нiе имаме и прао, осем долгот, да браниме нашиiот iазик и тоа прао ни iет свешчено. Секоi, коi шчо напаг’ат на нашиiот iазик, ни iет …наш неприiател. … Верата и iазикот, тоа сет душата на iеден народ.“ Борбата за македонскиот јазик е и борба за душата на македонскиот народ, зашто прикажувајќи дека „македонскиот јазик и идентитет имаат историски бугарски темели“.  Бугарите денес водат борба не само за бугаризација на Македонија, туку и за бугаризирање на душата на македонскиот народ.

Авторот на „За македонцките работи“ уште пред 122 години има кажано: „…iазикот на iеден народ iет негоо дуовно богатство и наследство, во коiе се закл’учуваат, отпечатени во гласовни знакои или зборои, сите народни мисли, осек’аiн’а и сакаiн’а, со коiи имат живено и живит iеден народ и коiи се предаваат, као нешчо свето от iедно поколеiн’е на друго. Да сочуат некоi своiот народен iазик и да го бранит као светиiн’а, значит, да останит он верен на дуот на своiите предедовци и да уважаат се, шчо имаат они напраено за своiето потомство. Да се откажит чоек от своiо народен iазик значит, да се откажит он и од народниiот дух. Со тоа само се обiаснуат сакаiн’ето и усилиiата на покорителите, да напраат покорените, да се откажат от своiот iазик и да изучат на негоо место нивниiот; исто така со тоа се обiаснуат упортството на покорените народи да сочуваат сето своiе духовно народно наследство, а особито iазикот.“

Македонскиот јазик е основното и најголемо духовно богатство на македонскиот народ, зашто во него се втиснати митовите, народните приказни, народните песни, гатанките и пословиците, македонското колективно и индивидуално паметење, македонските песни, сета духовност и национална психологија и постигања на овој народ низ сите векови и илјадалетија на неговото постоење во Балканот. Ова е она, што сакаат да го избришат и Бугарите и Грците. Затоа Бугарите сакаат да стават „европарламентарен жиг“ „модерен“ пред денешниот македонски јазик и идентитет, за да ги „ампутираат“ сите корени и врски со минатите македонски поколенија. Зборовите на Крсте Мисирков мора да се земат со сета сериозност како предупредување дека Бугарите ќе продолжат со своите напади врз македонскиот јазик и идентитет и по денешната седница на европските парламентарци.

Крсте Мисирков предупредува во „За македонцките работи“ што значи за еден народ, ако дозволи некој да му го смени неговиот народен јазик: „Но, ако iеден народ изменуат своiот iазик и своiата вера во iедно касо време и под силно чуздо влиiаiн’е, сам без сознааiн’е однесуаiк’и се кон таiа измена, то он се откажуат от сам себе и от негоите интереси и предаат и себе и ниф на iеден по силен народ, коi шчо ке постапит со него и ниф, како шчо ке му се заблагорасудит. Значит, да се откажит iеден народ от своiот iазик, се велит, да се откажит он и от сам себе и своiите интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своiи очи, да судит за себе и за друзите со своiот ум и разум, а да чекат укажаiн’е за сé от страна. Iеден народ, коi шчо изгубил своiот iазик, мiасат на iеден чоек, коi шчо изгубил патот и не знаiит oт каi идит и каi одит, и коi шчо не знаiит, зашчо одит вамо а не онамо или тамо.“

Дали ќе дозволат Македонците денес за самите себе да почнат да гледаат со „бугарски очи“, дали ќе прифатат укажување за се и сешто од Софија, Атина и Брисел, или ќе се спротивстават уште посилно на  обидите други да му го одредуваат неговиот пат, да му велат дека „неговата судбина треба да се решава во Софија, Атина и Брисел?

Во својата знаменита студија за македонизмот Крсте Мисирков посочува дека Бугарите сите усилби ги чинеле уште од тогаш „да се решит македонцкото прашаiн’е само во бугарцка полза; то iет да се создаит iедна ‘Бугарцка Македониiа“. Тој притоа говори за „бугарцкиот маневр“ на оние, кои „се величаат како ‘бугари“. „Бугарцки маневр“ беше борбата на европарламентарците против меѓународното признавање на идентитетот и јазикот и идентиттот на македонскиот народ, но мора да сме свесни дека по овој ќе следат и други „бугарцки маневри“, нови напади на официјална Софија, нови барања да се исполнат барањата од „Добрососедскиот договор“, од неговите протоколи и „Преговарачката рамка“.

Мисирков уште во 1903-тата година има напишано дека уште тогаш европските држави не биле многу заинтересирани да помогнат да се разреши правилно македонското прашање и да им се дозволи, да им се помогне на Македонците да здобијат национална слобода и право да создадат своја самостојна македонска држава. Дали ја согледуваме сличноста на однесувањето и на денешнава политичка Европа и ЕУ кон Македонија и македонскиот народ исто како и на онаа политичка Европа од времето на Мисирков?!

Мисирков вели дека Македонците имаат право да бараат од европската општествена јавност претставителите на европските влади, како и од самите европски влади непристрасно да гледаат на работите во Македонија: „…имаме морално прао да бараме от европеiцките праителства да гледаат на работите во Македониiа со македонцки очи.. прао да бараме от престаителите на европеiцките држаи во Македониiа точно и беспристрасно да осветл’уат своите праителства и европеiцкото обшчествено мнеiн’е за работите во Македониiа.“

Но, дали оваа политичка Европа, олицетворена во ЕУ, ќе почне да гледа на Македонија со „македонски очи“, а помалку со „бугарско-грчки очи“ ќе зависи од нас самите, тоа ќе биде обврска на македонската дипломатија уште поенергично да се бори за ширењето на македонската вистина низ Европа. Ставовите и предупредувањата на Крсте Мисирков од „За македонцките работи“ треба да се имаат постојано предвид во периодот, што следи.

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошко-лингвистичка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ставови на која било политичка партија. Ставовите на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“)

„Нова Македонија“

Најнови вести од: Македонија

Египќаните во Македонија се оградуваат од Рубин Земон: Со негатори на македонскиот народ не би се сретнале, а камоли да пиеме кафе!

Припадниците на посебната и автохтона етничка заедница Египќани во Македонија се оградуваат од ставовите и постапките на Рубин Земон, бидејќи, како што велат тие се лично негови.

Кекеновски: СДСМ и Филипче паничат и хистеризираат, оти правдата им тропа на врата! Судиите и обвинителите мора да го казнат криминалот и башибозукот на арамиите!

„До кога СДСМ ќе размислува, дејствува и ќе реагира на ваков начин како што реагира цело време откако Филипче е на чело на партијата? Секогаш кога ќе се отвори прашањето за криминал, корупција и барања судиите и обвинителите професионално, одговорно и согласно законот да си ја вршат работата, веднаш почнуваат приказните за „притисок врз обвинителството“ и „загрозена независност на судството“.Целата оваа нервоза и паника што јавно ја демонстрираат СДСМ и Филипче секогаш кога ќе се повикаат судиите и обвинителите на совесно работење и да не потпаѓаат под политички влијанија, најверојатно е резултат на стравот дека правдата конечно може да стигне и до нив!“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна, која ја објави информативниот портал „Курир“.

ВМРО ДПМНЕ: За Филипче „Бугари во Устав“ е единствен проблем со Бугарија, но по тоа би уследила промена на сета историја на Македонија и негирање на македонскиот јазик!

„Само Венко Филипче, специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, слепо верува на неговите политики дека уставните измени се последната пречка за нашиот влез во ЕУ. Но, уставните измени не се последната пречка, ниту се последно барање на Бугарија.“ – реагира жестоко ВМРО ДПМНЕ.

Роамингот меѓу Македонија и ЕУ на чекор до укинување

Aмбасадорите на земјите членки на ЕУ на 3. јуни треба формално да го разгледаат и одобрат мандатот за почеток на преговори, а потоа министрите на Унијата да ја потврдат одлуката. Со тоа Европската комисија би можела да почне билатерални разговори со секоја држава од Западен Балкан одделно, меѓу нив и Македонија. Но важната реченица за граѓаните е оваа: роамингот сè уште не е укинат. Ова е отворање пат, не финална рампа што веднаш се крева.

Скандалозно омаловажување и негирање на Македонците од Сулејмани: Тоа е народ на туѓи херои, а можеби се и внуци на првите балкански диносауруси!

„Денес нашите македонски соседи го слават Денот на азбуката. Сериозен празник, со сериозни говори, сериозни академици и луѓе, кои сериозно климаат со главите, како азбуката да им ја оставил нивниот дедо во неговиот тестамент. Азбуката, како што е познато, ја донеле браќата Кирил и Методиј – Бугари или не, но ова е тема што сè уште ги прогонува историчарите од регионот. Но, проблемот започнува штом групата ќе испие неколку чаши ракија и ќе почне да раскажува чудни приказни. Затоа што, според официјалната верзија, Македонците денес се во исто време: и Словени, и антички, потомци на Александар Велики, братучеди на Сонцето од Вергина! А ако можеби ќе се појават дека се дури и внуци на првите балкански диносауруси.“ – наведува публицистот и „аналитичар“ од Куманово Сермет Сулејмани во своето писание, намерно објавено токму на 24 мај, денот на Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители. Сулејмани не само што изнесува скандалозни омаловажувања на сиот македонски народ и го изложува на јавно исмевање неговиот национален и културно-јазичен идентитет, туку се впушта во негирање на тој идентитет и на историјата на македонскиот народ и неговите историски личности, индиректно доведувајќи ги еден од столбовите на македонскиот идентитет Кирил и Методиј во врска со Бугарите!

Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и да го предадеме на младите поколенија

Животот овде, на овие македонски простори, каде што историските околности не секогаш биле наклонети кон нас и кон нашите стремежи, ни овозможил да созрееме како опитен народ со свој јазик и култура. Народ мирен, но не и наивен, свесен за сопствената единственост, неповторливост и одговорност пред лицето на Бога и пред светот – порача епископот Ераклејски Климент на свечената акaдемија, што се одржа во црквата Света Софија во Охрид по повод Денот на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј.

Најнови вести

To top