Лидерор на Алијансата на Албанците Зиадин Села со нови максималистички барања, сега предлага закон за формирање Влада: „Победник со победник“ и гласање со Бадентер.
Во видео објавено од Канал 5 Телевизија Зијадин Села зборува за прашањето на легитимитетот при составување на Владата и принципот „победник со победник“.
Во разговорот се отвора хипотетичка ситуација во која политички субјект би освоил 20 пратеници, додека друга партија (во примерот се споменува ВМРО со 58 пратеници или било кој друг субјект со тој број мандати) би требало да формира влада со него.
За новинарот овде се поставува дилемата како би се составила владата доколку се излезе со барања како дводомен парламент или гласање со Бадентер и во Уставниот суд, а тие се покажат како неприфатливи за партијата на мандатарот
Механизмот „победник со победник“ и Бадентер.
Осврнувајќи се на ова прашање, Села наведува дека токму затоа зборувал за ваквиот феномен и смета дека принципот „победник со победник“ треба да биде преточен во договор меѓу мандатарот и победничкиот субјект.
Како едно од решенијата, поаѓајќи од постојниот систем, тој посочува дека би можел да се воспостави механизам кој нема да зависи само од желбата на мандатарот кого ќе избере, како што е гласање за Владата со Бадентер.
Села оценува дека оние кои сакаат да одат на избори без претходно да се реши прашањето на легитимитетот и се потпираат само на даден збор прават голема грешка.
Според него, ваквата логика ја гледа кај ДУИ, за која вели дека веднаш сака да оди на избори, што тој го толкува како обид да се влезе во власта со понуда за поголема послушност, заклучувајќи дека на Албанците не им се потребни такви избори ниту такви политички партии на власт.