Македонија

Претседателката бара евроинтеграцијата да се заштити од ирационални опструкции

На средбата со известувачот за Македонија во ЕП таа потсети на тешките и дотогаш непознати компромиси во минатите децении

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го примила европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас.

На средбата се разговарало за македонската европска интеграција, можностите и условите за деблокада на нашиот пристапниот процес, како и за политиката на проширување на Европската Унија, низ призма на геополитичките закани и употребата на ветото.

Сиљановска-Давкова ги поздрави обидите и напорите за објективен пристап во известувањето на Вајц, како и неговиот јасен став став дека билатералните прашања треба да бидат одвоени од формалниот процес на пристапување кон Европската Унија, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката.

Во пресрет на извештајот на ЕК, соговорниците размениле мислења за потребните и можните реформи на процесот на проширување, врз основа на воочените проблеми.

За Сиљановска-Давкова важно е да се забрза и заштити од ирационални опструкции динамиката на европската интеграција и да се овозможи посилна институционална заштита на принципот на заслуги во пристапниот процес.

Таа посебно укажала на членовите 4(2) и 4(3) од Договорот за Европската Унија, во коишто се предвидени почитувањето на националниот идентитет, уставните и политичките структури, како и обврската на земјите – членки за искрена соработка и не поткопување на целите на ЕУ, констатирајќи дека злоупотребата на ветото и билатералните условувања врзани со идентитетот, историјата и јазикот, се во судир со овие одредби.

Претседателката потсетила на нашите тешки и дотогаш непознати компромиси во изминатите децении во интерес на европската интеграција, потсетувајќи дека не само што не е остварено членството, туку не се почнати ни преговорите.

Вајц ја објасни својата добра намера, неутралност и посветеност на процесот, укажувајќи на реалната доминација на политиката, темелно ја запозна претседателката со сите превземени активности во врска со македонско-бугарските релации, укажа на потребата од посегање на пријателски чекори од обете страни, потенцирајќи ја цврстата решеноста на ЕУ за проширување, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Македонија.

To top