Тема: 11 октомври

Сиљановска-Давкова: Им оддаваме почит на оние, кои во 1941 тргнаа во храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето и создавањето македонска држава

„Повторно мора да бидеме обединети и сплотени, ако сакаме да го сочуваме тоа, што го наследивме од оние, кои тргнаа во востанички марш, водени од јасна визија и подготвени за жртвување во ослободителната мисија! Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание.“ – порача претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова.

Во Прилеп свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“ по повод 11 октомври – обраќање и на премиерот Мицкоски

Многубројни настани денеска во Република Македонија во рамки на чествувањата на еден од најсветлите историски настани во борбата на македонскиот народ за создавање сопствена македонска држава и за своја национална слобода.

Денес се одбележува 11 октомври, Денот на востанието на македонскиот народ против германскиот, италијанскиот и бугарскиот фашизам и нивните домашни слуги

Единаесетти октомври претставува продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ, кои се пројавија во долга историска низа на настани на македонскиот непокор: во Карпошовото, Разловечкото, Македонското Кресненско и во Илинденското востание. Единаесетти октомври е почеток на Народноослободителната и антифашистичка борба, која го трасираше патот кон Првото заседание на АСНОМ, кога беа поставени темелите на современата македонска држава, а Македонците конечно беа свои на своето. Без 11 Октомври и без Народноослободителната и антифашистичка борба Република Македонија немаше да постои.

To top