Македонија

Фелингер пак побара од Македонија да го укине празникот 11 Октомври!

Австрискиот економист и лобист за ЕУ и НАТО со нова навреда на македонските партизани на социјалната мрежа Икс

Гинтер Фелингер, австриски економист и лобист на Европската унија и НАТО, не пропушти ни на 84-годишнината од кревањето на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор да побара од Македонија укинување на празникот 11 Октомври, отворено навредувајќи ги партизаните.

„Ја повикувам Северна Македонија да го откаже празникот 11 Октомври, кој го измисли комунистичка Југославија, како прослава на неколку тажни партизани, губитници кои ги нападнаа Бугарите кои всушност ја ослободија Македонија од бруталните српско-фашистички окупаторски сили, бидејќи еден од 4-те национални денови е смешен, недостоен за сојузник на НАТО и идна членка на ЕУ!

Откажи го 11 октомври сега @gogamkd“, си дозволи по кој знае кој пат да повика претседателот на невладината организација Австриски комитет за проширување на НАТО, навлекувајќи го гневот на македонските корисници на социјалната мрежа Икс.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top