Тема: 85 години од почетокот на бугарсјата фашистичка окупација на Македонија

На денешен ден фашистичка Бугарија ја окупира Македонија, а денес и лидерот на Костадинов од „Преродба“ ја повторува истата теза од 1941 за „Македонија – втора бугарска држава на Балканот“!

На денешен ден, на 18 април 1941 година Бугарија со „благослов“ од фашистичкиот водач на Германија Адолф Хитлер Хитлер ја започна окупацијата на Македонија! На овој датум со одборение на Хитлеровата врховна команда единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија. Бугарија настојува овој настан од нејзината историја наместо фашистичка окупација да го прикаже како „администрирање со Македонија“. Дали е случајно, или не, тоа што Костадин Костадинов, лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“ (Възраждане) вчера, на 17 април 2026 година, на еден ден пред 85-тата годишнина од почетокот на бугарската фашистичка окупација на Македонија, ја означи Македонија како „втора бугарска држава“ на Балканот, изнесувајќи ја заложбата на неговата партија за „интеграција на двете бугарски државни формации во една“?! Костадинов во предизборната програма негова и на неговата партија активно ја промовира скандалозната идеја за „обединување на Бугарија и Македонија“ – истата цел, поради која и Бугарија во Вората светска војна како фашистичка држава – членка на Хитлеровата нацистичка коалиција влегува на територијата на Македонија и ја окупира, под изговор дека „доаѓа да ја ослободи и да ја обедини кон мајка Бугарија“!

.

To top