Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!
Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото, на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.