Тема: Амир Шабани

Шабани: Сѐ уште се без потврда претпоставките дека Ахмети преговара со Апасиев и Левица за поддршка на 2 ноември во некои општини, но и на подолг рок!

Политичкиот аналитичар од Македонија Амир Шабани во својата колумна, која ја објави косовскиот весник „Бота сот“, фрла една поинаква светлина врз политичките потези, кои ги влече лидерот на ДУИ Али Ахмети. Шабани е категоричен дека шефот на „интегративците“ свесно го жртвувал Бујар Османи, фрлајќи го да „изгори“ во „огнот“ на локалните избори воопшто не со цел „Бујар да станел нов градоначалник на Чаир“, туку за да го исфрли од трката за нов лидер на ДУИ, која, како што тврди колумнистот, веќе е започната, зад сцената! Шабани пишува и за сѐ уште непотврдените шпекулации и претпоставки дека Ахмети веќе преговара со Димитар Апасиев неговата партија Левица да ѝ даде поддршка на коалицијата Национална алијанса за интеграција на Ахмети поддршка во некои општини во вториот круг на локалните избори на 2 ноември со надеж дека ќе се ублажи поразот на ДУИ и НАИ од првиот круг, но и за да добие Ахмети можност да ги потисне барањата и повиците за негово заминување во „политичка пензија“!

To top