Чучуљ: Ја поздравуваме секоја иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основа
„Секогаш треба да се има предвид дека Државната комисија за спречување на корупцијата е превентивно тело и нашите капацитети се ограничени во врска со истрагата. Ние во нашиот дел секогаш постапуваме.“ – истакна новиот претседател на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ како одговор на повикот, што го упатија до него пред три дена „антикорупционерите“ од СДС „веднаш да се зафател со случајот“, за кој оваа партија тврди дека е „корупциски скандал тежок девет милиони евра, поврзан со власта“. Ставот на Чучуљ е и негово позиционирање во врска со најавите на опозициската СДС дека од утре ќе објавува „снимки за коруптивното работење на власта“.