Антикорупциска комисија: Пет лица истовремено извршуваат две функции
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во согласност со своите надлежности, утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, редовно следи дали се почитува законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси, како и законската забрана за истовремено извршување повеќе функции, кои се неспоиви согласно со закон, соопшти ДКСК.