Македонија

Антикорупциска комисија: Пет лица истовремено извршуваат две функции

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во согласност со своите надлежности, утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, редовно следи дали се почитува законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси, како и законската забрана за истовремено извршување повеќе функции, кои  се неспоиви согласно со закон, соопшти ДКСК.

„Во последната проверка на електронското поднесување изјави за имотна состојба и интереси ДКСК утврди дека пет лица истовремено извршуваат две функции. Поради тоа, за овие лица ќе бидат оформени предмети. По утврдување на фактичката состојба, ако се утврди дека се работи за неспоиви функции, од нив ќе биде побарано да се откажат од една од функциите што ги извршуваат. Истовремено, ДКСК ќе предложи прекршочни постапки  согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, што е казниво согласно со истиот закон. По извршената проверка на изданијата на „Службен весник“ за  март 2026 година, како и по увидот во својата евиденција, ДКСК утврди дека вкупно 38 лица, кои во март 2026 година биле избрани, именувани или разрешени од функција, не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК во законски утврдениот рок.“ – се вели во соопштението на ДКСК.

Оттаму додаваат дека против овие лица ДКСК ќе предложи покренување постапки за сторен прекршок согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а што е казниво согласно со  истиот закон.

Најнови вести од: Македонија

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top