Македонија

Ќе се градат автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, а Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување

Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола од проектот со „Бехтел и Енка“.

Македонија забрзано се гради. Според најавите, во втората половина од годината ќе се работи на вкупно шест автопатски решенија низ државата, со што се очекува дополнително забрзување на инфраструктурниот развој и подобрување на патната поврзаност. Делницата од Извор до Врбјани на автопатот Кичево-Охрид се очекува да е пуштена во сообраќај на Денот на независноста – 8 Септември, рече премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.

Според владините проекции, целиот автопат Кичево-Охрид треба да е ставен во употреба во првиот квартал од 2027 година. За довршување на проектот се обезбедени 175 милиони евра преку заем од домашни банки. Премиерот рече дека финансиската конструкција е целосно затворена, што овозможува непречено продолжување на градежните работи на терен. Премиерот најави дека паралелно ќе се реализираат активности и на автопатот Скопје-Блаце, како и на делниците од Коридорот 8.

Премиерот даде и нова можност за историските Чебрен и Галиште. Рече дека големи се можностите Македонија да ја гради самостојно, без странски инвеститор хидроцентралата Чебрен. Според него, се работи на физибилити студија за еден од најважните стратешки објекти од областа на енергетиката за државава.

По неуспешните 14 тендери во изминатите 33-34 години, хидроелектраната која што на Македонија треба да ѝ обезбеди базна енергија и која што е од исклучителна важност за стабилноста на електронергетскиот систем во земјава. Проценката е дека инвестицијата ќе чини околку 1,5 милијарди евра.

Во однос на ивестициите, има најави за германски и американски компании кои што купиле парцели во индустриските зони и прват регрутација на кадри. До крај на неделата Мицкоски оди во Истамбул, да преговара за нова компанија за гасни когенеративни централи.

Според владините проценки, најголемиот дел од инфраструктурните активности треба да бидат завршени до крајот на 2029 година, додека евентуалните преостанати работи би се реализирале во текот на 2030 година.

За делницата Требениште – Ќафасан, која засега е единствената од пакетот на „Бехтел и Енка“ што сè уште не е започната, повеќе детали се очекуваат кон крајот на месецот, по посетата на претставници на УНЕСКО.

Најнови вести од: Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

To top