Ексградоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски оди една година во затвор, поради кривичното дело „бесправна градба“
Предметот е кај судија за извршување казни, откако Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Второстепениот суд, постапувајќи по жалбите на обвинетите и на Јавното обвинителство, донел пресуда со која ја потврдува казната за делото „Бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од 19 март до 15 август 2019 година.