(Видео): УЈП изготви водич за пријавување и одданочување на доходи остварени од странство
Обврска за пријавување на доходот имаа сите физички лица кои оствариле приливи од странство по основ на доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс), доход од закуп (вклучително и преку платформи како Airbnb и Booking.com), капитални добивки (продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност и др.), доход од капитал (дивиденди, камати, други финансиски приходи), авторски права, добивки од игри на среќа, и друг вид доход.