Македонија

Сиљановска Давкова: Ромите во Македонија заслужуваат достоинствен живот

Ромите, историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.

„Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа.

Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се особени вредности на ромскиот идентитет и заслужуваат должна почит.

Нашата заедничка македонска држава, формално-правно е лидер во гарантирањето на малцинските права, во регионални и европски рамки. Но, реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции.

Осми април е вистинскиот ден за мерење и преиспитување на квалитетот на животот на нашите сограѓани Роми, во сите области и на сите нивоа“

Сиљановска-Давкова нагласува дека 8 Април треба да биде ден за сериозно преиспитување на квалитетот на животот на Ромите во сите сфери, апелирајќи дека не е доволно само симболично да се повикува на Шуто Оризари, туку дека е неопходно да се обезбеди достоинствен живот за ромската заедница насекаде.

Во честитката се потенцира дека Ромите се најранлива и најмаргинализирана категорија граѓани, која заслужува зголемено внимание, конкретни политики и реална заштита од институциите.

„Еднаш мора да ни стане јасно дека не е доволно да се повикуваме на Шуто Оризари, туку да обезбедиме пристоен живот на Ромите, каде и да се.

Крајно време е да сфатиме дека ромската заедница е најранливата и најмаргинилизираната категорија граѓани, а како таква, заслужува најголемо општествено внимание и заштита“, напиша Давкова.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top