Тема: Ден на албанската азбука

Курти во Македонија по повод Денот на албанската азбука: средби со претседателот на Собранието Гаши и лидерите на Вреди

„На покана на Владата денеска во Македонија престојуваше косовскиот премиер Албин Курти. Тој се сретна во Скопје со претседателот на Собранието Африм Гаши и лидерите на коалицијата Вреди на овој ден со посебна симболика за Албанците – на Денот на азбуката.“ – објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик, пренесувајќи го и соопштението на коалицијата Вреди.

Сиљановска-Давкова: Албанскиот јазик е важен дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати срдечна честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи го значењето на овој празник како симбол на просветителскиот подвиг и културната зрелост на албанскиот народ.

To top