Тема: Ден на рударите

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и оваа година ја продолжи традицијата на оддавање признание на своите вработени за нивниот труд, стручност и посветеност кон безбедното и стабилно работење на рудникот. За празникот, сите вработени во САСА добија парична награда за своите залагања, додека на вкупно 121 вработен им беа доделени дополнителни парични награди и признанија за особен придонес кон остварувањето безбедно и стабилно производство и за другите активности поврзани со работењето на САСА.

(Фото): Одбележен 28 август – благодарност до сите што работат под земја

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, а рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод Денот на рударите.

Претседателот на Владата на Македонија Мицкоски денес во РЕК „Битола“ на одбележување на 28 август, Денот на рударите

Традиционално ќе бидат доделени благодарници на вработени во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, кои покажале исклучителна посветеност, одговорност и квалитет при извршувањето на работните задачи.

To top