Македонија

Претседателот на Владата на Македонија Мицкоски денес во РЕК „Битола“ на одбележување на 28 август, Денот на рударите

Традиционално ќе бидат доделени благодарници на вработени во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, кои покажале исклучителна посветеност, одговорност и квалитет при извршувањето на работните задачи.

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес ќе присуствува во РЕК „Битола“ во 9 часот и 30 минути на свеченото одбележување на Денот на рударите 28 август, кој се совпаѓа со големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

На свеченоста, која е предвидено да се одржи пред управната зграда на ПЕ „Рудници“ ќе присуствуваат и министерката за енегетика Сања Божиновска, генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, генералниот директор на РЕК „Битола“ Тони Петрушевски, членовите на Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ, градоначалници, пратеници во Собранието на Република Македонија, како и многубројни гости од Пелагонискиот регион.

На свеченоста традиционално ќе бидат доделени благодарници на вработени во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, кои покажале исклучителна посветеност, одговорност и квалитет при извршувањето на работните задачи.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top