Бизнис

(Фото): Одбележен 28 август – благодарност до сите што работат под земја

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, а рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод Денот на рударите.

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 10,9% во индустриското производство и со 2,8% во вкупниот извоз на државата – истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на одбележувањето на Денот на рударите. Таа посочи дека во истата година приходите од концесиски надоместоци достигнале над 1,22 милијарда денари 19,8 милиони евра, што е историски највисока наплата, а позитивниот тренд продолжува и во 2026 година.

  • Овие резултати не се случајни. Тие се производ на подобрениот систем на наплата, засилениот институционален надзор, почестите контроли и поодговорниот однос кон користењето на природните ресурси, кои се добра од општ интерес – истакна Божиновска.

Министерката нагласи дека рударството претставува значајна стопанска гранка и основа за развој на многубројни други индустрии, но додаде дека безбедноста на работниците мора да остане врвен приоритет.

  • Ниеден тон произведена руда и ниедна инвестиција не вредат повеќе од човечкиот живот. Затоа безбедноста мора да биде култура на однесување во секој рудник, во секоја смена и на секое работно место – истакна Божиновска.

Според неа, целта на државата е развој на модерно, конкурентно и одговорно рударство, усогласено со европските стандарди, со јасни правила, силни институции и грижа за животната средина и локалните заедници.

Претседателот на Македонската асоцијација на рударството, Диме Петрески, пак, рече без суровините што ги обезбедува рударството не може да се замислат современата индустрија, енергетиката, градежништвото и технолошкиот развој. Тој нагласи дека современото рударство мора да биде одговорно, со високи стандарди за безбедност и заштита на животната средина, при што повика на создавање стабилен и предвидлив амбиент, што ќе овозможи нови инвестиции, отворање работни места и поголем придонес на секторот во економскиот развој.

Деканот на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Ѓорги Димов, посочи дека рударството има длабоки корени во развојот на државата и дека в година ќе бидат одбележани 50 години високо образование во областа на рударството и геологијата. Тој потенцира дека иднината на рударството е неразделно поврзана со заштитата на животната средина и примената на современи технологии.

  • Рударството не е професија на минатото, рударството е професија на иднината. Тоа ќе биде рударство со ново лице, побезбедно, поефикасно, дигитализирано и поодговорно кон животната средина и заедниците – порача деканот.

Според него, потребни се кадри што ќе работат со дигитализација, автоматизација, вештачка интелигенција и со принципите на циркуларната економија, а рударството треба да биде побезбедно, поефикасно и поодговорно кон природата и локалните заедници. По повод Денот на рударите, министерката Божиновска додели благодарници на најуспешните рудари и лица поврзани со рударството.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top