Бизнис

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура

УЈП ги повика сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање што може да ги надградуваат, веднаш да се вклучат во тестирањето.

Управата за јавни приходи соопшти дека интензивно работи на реализација на проектот е-Фактура и во моментов во тек е тестирањето на системот за електронско фактурирање, односно се тестираат сервисите за директна интеграција (API) со системот за е-Фактура. УЈП ги повика сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање што може да ги надградуваат, веднаш да се вклучат во тестирањето.

  • Вклучувањето во оваа фаза е од особено значење за навремена адаптација пред задолжителната имплементација на системот. Во овој период на тестирање на системот до УЈП пристигнуваат информации дека одредени субјекти нудат обуки и консултантски услуги поврзани со проектот е-Фактура. Укажуваме дека исклучиво УЈП дава официјални информации, насоки, известувања и организира обуки поврзани со проектот е-Фактура и нагласуваме дека тие субјекти не се дел од проектот. УЈП не презема одговорност за информациите и толкувањата изнесени од истите. Сите информации поврзани со проектот е-Фактура се објавуваат на официјалната веб-страница на УЈП http://www.ujp.gov.mk/, на специјализираната веб-страница на проектот https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/home и на страниците на УЈП на социјалните мрежи, соопшти УЈП.

За поддршка на компаниите во процесот на имплементирање на системот е-Фактура, исто така, назначени се и даночни агенти вработени во Управата и тие веќе контактираат со компаниите и даваат поддршка и совети за вклучување и понатамошно користење на системот е-Фактура.

  • Апелираме сите заинтересирани страни за системот е-Фактура своите прашања и сугестии да ги упатуваат кон Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk. Најавуваме дека набргу ќе биде овозможено тестирање и на рачниот внес на фактури преку веб и клиентска апликација, кои се очекува да ги користат трговците кои издаваат и/или примаат мал број фактури, кои не користат системи за фактурирање или кои користат системи, но немаат можност за надградба, се наведува во соопштението ан Управата за јавни проходи.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top