Тема: економија

На 15 декември не се затвора трезорот, ќе има К-15 за сите во државните институции, тврди премиерот

Премиерот ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Буџетот е празен и дека трезорот се затвора на 15 декември, нагласувајќи дека државната каса е ликвидна и сите тековни обврски се извршуваат. Мицкоски објасни дека 15 декември е поставен како рок за институциите да ги достават сите тековни расходи, а не како датум за затворање на трезорот. Целта е, вели тој, исплатите да се завршат навреме и да не останат незавршени обврски кои би се книжеле во следната година.

Работна средба на Бранко Азески со раководството на „Филип Морис“

Од Филип Морис, како компанија со странски капитал која повеќе години делува во Македонија, истакнаа дека деловната клима во глобални рамки има свои предизвици,  но, сепак успеваат да ги реализираат предвидените цели и таргети. Укажаа на одрeдени состојби со кои се соочуваат и тие, но и останатите компании од тутунската дејност кои заедно делуваат во Комората преку Здружението за производители на тутун и преработки од тутун.

Јавните претпријатија со милионски загуби, како да се надмине проблемот?!

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, на првите три места со најголеми загуби во земјава лани биле три скопски јавни претпријатија: „Водовод и канализација“, „Улици и патишта“ и „Комунална хигиена“. Само скопски „Водовод“ имал загуба од 4,2 милиони евра, „Улици и патишта“ од 2,6, а „Комунална хигиена“ од 1,2 милиони евра.

МРТ интервју: Коридорот 8 еден од најголемите инфраструктурни проекти во Македонија, вели проектниот менаџер на „Бехтел и Енка“

Коридорот 8 е еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, со цел поврзување на клучни градови и региони. Активно се работи на делниците „Тетово-Гостивар“, „Гостивар-Букојчани“, „Прилеп-Битола“. Јавниот сервис, МРТ, е првата телевизија која ја возеше оваа траса за време на градежните активности.

Е-фактурата ќе ја намали сивата економија, смета Управата за јавни приходи

Од 1 јануари започнува пилот-фазата на проектот е-фактура, со кој се очекува да се намалат злоупотребите и фиктивните фактури, најавија од УЈП. Велат, системот е усогласен со меѓународни стандарди, лесен за интеграција во компаниите и обезбедува автоматска и безбедна размена на податоци. Пилот-тестирањето ќе се одвива во контролираната средина и ќе опфати ИТ компании и економски оператори со свои системи, а до крајот на првиот квартал ќе биде достапна и апликација за помалите компании.

Белгиската компанија СЦР „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Во 2024 „Сибелко“ оствари приходи од 2,225 милијарди евра и прикажа добивка од 131 милион евра. Во акционерската структура учествуваат главно неколку богати фамилии од Белгија и разни институционални или индивидуални акционери со многу помали удели. Од глобалните рударски корпорации, во изминатиот период единствено многу поголемиот играч „Англо Американ“ покажа интерес за инвестирање во Македонија и оствари средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Минималецот ќе порасне за 1.500 до 2.000 денари во март в година

Кога ќе има усогласување во март следната година, врз основа на параметрите што ги имаме, граѓаните ќе имаат повисока минимална плата. Тоа е формула и методологија со која се пресметува минималната плата, со што се согласуваат Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата, рече министерот за економија.

„Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија, тврди Мизо

Претседателот на Советот за странски инвестиции смета дека македонскиот извоз е генерално зависен од германската економија и побара од македонските власти да бидат пофлексибилни на промените што ги носат денешните времиња. Тој во интервјуто вели дека за една компанија-инвеститотр во нашата земја од одлука за инвестирање и објавување на истата до нејзина реализација треба да мине низ 1,5 до 2 години во некои случаеви.

Наскоро почнува примената на Законот за работно ангажирање луѓе што ја регулира областа на сезонското ангажирање

Пензионери, студенти и лица во социјален ризик ќе ја крпат економијата. Од 1-ви јануари во сила новиот закон за сезонски работници – ќе бидат ангажирани, без да ги загубат стекнатите права.

Инвестициите клучни за одржлив развој – што прогнозираат економистите до крај на 2025-та?!

Годинава, според економските аналитичари, ќе заврши со раст на БДП за 3,2%. Третото тромесечје испорача пораст од 3,8% што на Владата и даде аргумент да ја вброи земјава во трите водечки европски економии. Како ќе заврши економската 2025-та ќе се знае по истекот и на последниот квартал што веќе го „ситниме“, но според таргетот, годинава […]

Интересот за новата граѓанска обврзница ги надмина очекувањата на заинтересираните

Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише од страна на граѓаните. Купонската каматна стапка изнесува 4,5%, а рочноста на обврзницата е 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година.

„Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европска Македонија

Стратегија усвоена на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје – Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

To top