Бизнис

Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу 4%, во рамки на проекцијата

Годишната стапка на инфлација во ноември забави и се сведе на 4%, наспроти 4,5% во октомври. Годишната стапка на инфлација остварена во ноември и понатаму е над историскиот просек, поради што инфлацијата и нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму се во фокусот на монетарната политика. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во надолна насока, што упатува на помали увозни ценовни притисоци во однос на претходните очекувања.

Очекувањата на гувернерот на Народната банка Трајко Славески се дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 4 или приближно 4 проценти како што е и проекцијата на централната банка. Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција, Славески рече дека очекувањата за следната година се дека инфлацијата и понатаму ќе се намалува и ќе биде меѓу 2,5 и 3 проценти, а на среден рок ќе се достигнат историски најниските нивоа од околу два процента.

  • Инфлацијата имаше надолен тек во првите месеци од годината и на изненадување забрза неколку месеци, но летото забележавме дека дури имавме месеци со дефлација, минус 0,2 проценти, така беше мислам во август во однос на јули. Стабилизирањето го сметаме дека нагорниот тренд не е преобратен и веќе имаме мали промени од месец во месец. Во октомври имаме раст од 4,5 проценти. И проекциите и очекувањата упатуваат на тоа дека годишната инфлација за оваа година ќе биде во рамки на нашата проекција, односно околу 4 или блиску до 4 проценти. Нашата проекција беше 3,9 проценти, а проекциите за наредната година ви се познати, рече Славески.

Статистичките податоци за инфлацијата во декември се очекува да бидат објавени на 8 јануари. Статистика измери дека во ноември трошоците за живот на годишно ниво се зголемени за 4 проценти.

Годишната стапка на инфлација во ноември забави и се сведе на 4%, наспроти 4,5% во октомври. Годишната стапка на инфлација остварена во ноември и понатаму е над историскиот просек, поради што инфлацијата и нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму се во фокусот на монетарната политика. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во надолна насока, што упатува на помали увозни ценовни притисоци во однос на претходните очекувања. Оттука, ризиците за идната динамика на инфлацијата и понатаму постојат, а се поврзани и со натамошната неизвесност од променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка.

Состојбата на девизниот пазар и натаму е стабилна. На крајот на ноември, нивото на девизните резерви изнесува 4.862,2 милиона евра, што според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со ноември упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто се малку пониски од очекувањата за четвртиот квартал. Трговскиот дефицит проценет за четвртиот квартал од годината, во согласност со податоците за надворешнотрговската размена во октомври, е малку повисок од очекувањата, иако периодот сѐ уште е краток за попрецизна оцена.

Во третиот квартал од 2025 година, растот на економската активност забрза и изнесува 3,8% на годишна основа. Ваквото остварување е малку повисоко во однос на оцената за третиот квартал во рамките на октомврискиот циклус проекции. Економскиот раст целосно произлегува од позитивниот придонес на домашната побарувачка, што главно е резултат на растот на бруто-инвестициите, при негативен придонес на нето-извозот, заради посилен годишен раст на увозот од извозот на стоки и услуги. Расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал се ограничени, но засега октомвриските податоци за индустриското производство и прометот во вкупната трговија упатуваат на натамошни поволни трендови. Светската неизвесност, особено поради трговските политики и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката со коишто ќе се остваруваат домашните инфраструктурни проекти се едни од клучните фактори за темпото на економскиот раст.

Во однос на движењата во монетарниот сектор, стапките на раст на депозитите и кредитите на банките, заклучно со ноември, упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките и на нивна солидна кредитна поддршка за економската активност. Притоа, годишните стапки на раст кај депозитите и кај кредитите постепено забавуваат, иако засега сѐ уште се над очекувањата за последниот квартал од годината.

Општо земено, со одлуката донесена од Народната банка и натаму се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, односно нејзината поставеност е непроменета. Утврдените нивоа на каматните стапки и понудениот износ за вложување во благајнички записи овозможуваат примена на новата оперативна монетарна рамка, со истовремено непроменета монетарна поставеност. Надворешните ризици и понатаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка останува подготвена да ги користи сите расположливи инструменти и доколку е потребно, ќе преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top