Македонија

ЕУ останува стратегиски приоритет за Македонија

Заменик претседателот на Владата на Македонија Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Во средиштето на разговорите беа европската интеграција на  Македонија, реформскиот процес и чекорите, што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

На средбата беше разговарано за актуелните состојби и напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските, како и за значењето на продолжувањето на реформите во клучните области поврзани со  пристапувањето кон ЕУ.

Заменик претседателот Николоски информираше за конкретните активности, што ги презема Владата во насока на унапредување на реформите, зајакнување на институциите и создавање услови за забрзување на европската интеграција.

На средбата беше истакната важноста на непрестајниот дијалог со институциите на Европската Унија  како значаен партнер на Македонија во приближувањето кон европското семејство.

На средбата беше истакнато дека европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија, а продолжувањето на отворениот дијалог со европските институции е од особено значење за нејзиниот понатамошен напредок.

Средбата претставуваше можност и за размена на ставови за актуелните прашања, предизвиците и идните чекори во процесот на европската интеграција.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top